Graco е глобален бренд кои постои скоро 60 години

Сепак,во 1942 година, кога започна со работа Graco Metal Products во Филаделфија, УСА не произведуваше производи за бебиња. Во првите 11 години, производството беше ориентирано кон делови за автомобил и машини за локалните производители. Кога едниот од основачите си замина, другиот партнер реши да направи сопствена линија на производи.
Во тоа време, еден од вработените, David Saint , работеше како инжињер и уметник на обоено стакло за потребите на брендот. Тој беше татко на 9 деца и многу често ја гледаше неговата уморна сопруга како го смирува бебето во дворот на лулашка. Инспириран од тоа што го гледа, отишол до таблата за цртање и 18 месеци подоцна се роди првата автоматска лулашка во светот, Graco Swyngomatic.

Оттогаш, Graco започна со бизнис за бебешки производи. Откако продаде милиони лулашки, Graco лансираше нови иновации. Во 1987, производот Pack N’Play Portable Playards, дизајниран од Nate Saint, синот на изумувачот на Swyngomatic, постигна огромен успех. Во наредната декада, Graco го воведе травел системот, првиот производ кој им овозможува на родителите со еден потег седиштето за автомобил да го извадат и стават на количката и со тоа да не го разбудат бебето.

Graco Европа е оформен во Септември 1997 и досега изгради силна репутација на иновативни, сигурни, и со добра цена производи. Граковиот тим за Истражување и Развој, постојано работи на производи кои се адаптирани на стилот на живот, на околината и буџетот на денешните родители. Комбинацијата на квалитет, иновација и добра цена, направи Graco на стане број 1 производител на колички и број 2 на седишта за автомобил во Англија. Палетата производи на Graco брои, седишта за автомобил, колички, травел системи, транспортери, лулашки и системи за забава.